fbpx

Зврлевски бара од Врховниот суд да му го укине притворот на Кочан

-

Јавното обвинителство на Република Македонија до Врховниот суд поднело барање на заштита на законитоста во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителеството на Зврлевски бара „Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија, да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје 1 од 7 март 2017 година и на Апелациониот суд од 15 март 2017 година и предметот да го врати на повторно судење и одлучување“.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за „Алсат М“ потврдил дека до нив пристигнало вакво барање од Јавното обвинителство.

Како основа за барање за заштита на законитоста за случајот на Сеад Кочан било наведено дека со донесените решенија на Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд се сторени повреди на законот од кои една се однесува на решението донесено од Кривичниот совет, во кое било наведено дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, односно било повредено суспензивното дејство на жалбата. Со преземање на дејства за извршување на решението пред да стане правосилно, од јавното обвинителство наведуваат дека Советот сторил повреда на членот 134, став 5 од Законот за кривична постапка (ЗКП), пренесува „А1он“.

Инаку, минатата недела новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, на негова покана, имаше одделни средби со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, и со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски – адвокат на Кочан.

Специјалното јавно обвинителство на крајот на февруари ја отвори истрагата под име „Труст“, во која три физички лица и фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани“ се товарат дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

На Кочан, кој е еден од тројцата осомничени во случајот, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на 9 март му одреди мерка притвор, која подоцна ја потврди и Апелацискиот суд. Оттогаш Кочан е недостапен за органите на прогонот и против него е распишана меѓународна потерница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...