fbpx

Зоран Заев од Охрид вети подобрување на положбата на жената

-

Ајде сите заедно да го проветриме заедничкиот дом што се вика Македонија и да си ја вратиме земјата на вистинскиот, европскиот пат.

Ова денеска го истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во говорот пред жените учеснички на традиционалниот осмомартовски марш во Охрид, организиран од форумот на жени на СДСМ под мотото: „Ти си таа промена – Заедно за Македонија!“.

– Промените се почнати. Влеговме во борба за враќање на човековите вредности, кои беа грубо згазени во нашата земја – рече Заев.

Тој пред жените кои со автобуси и со други превозни средства допатува во Охрид вети воведување регистер за прекувремена работа кај сите работодавци и синдикална заштита на жените, поддршка во руралните средини, флексибилно работно време за младите мајки, втора смена во детските градинки и скратено работно време во годините пред пензионирање.

Координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, ги повика жените, членството и симпатизерите на СДСМ, заеднички да се изборат „за излегување од мрачниот тунел“, водени, како што рече, од еден слеп водач на земјата.

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, рече дека оваа партија со проектот „Вистината за Македонија“ им ги отворила очите на многу луѓе во земјата и во светот. Таа истакна дека светот видел хаос во изборниоте списоци, „со фантоми непознати за нашето соседство“.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, зборуваше за потребата од запирањето на иселувањето од земјата.

– Се залагаме за повеќе правда и за правда за сите. Силата е во граѓаните на Македонија. Само со економски просперитет и со европски вредности, Македонија ќе ја извлечеме од најголемата криза досега – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...