fbpx

ЗНМ: Владата против препораките на ЕУ за рекламирањето во медиумите

-

Скандалозни се измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, во кои јавните институции немаат обврска да распишуваат тендери за рекламирање во медиумите, регираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Според нив, тоа е во спротивност со препораките на Европската комисија и дополнително ќе ја зголеми нетранспарентноста на трошењето јавни пари, но претставува и обид да се купува наклонетоста на медиумите, порачува здружението.

„Ваквите измени се дрско однесување на Владата кон препораките на европскиот извештај за оваа година и кон заложбите на новинарските и медиумските организации. Наместо Владата да ги следи европските препораки и да воспостави критериуми за распределба на јавни пари во медиумите, со ова решение се отвора можност за уште понетранспаретно трошење на јавни пари во медиумите. Станува јасно дека Владата нема намера да воспостави ред во огласувањето во медиумите, туку да го зголеми притисокот врз нив и да ја купи нивната наклонетост“, стои во соопштението од ЗНМ.

Оттаму  бараат Владата да ги повлече овие измени „и низ отворена дебата да се изнајдат решенија за забелешките на Европска Унија и на новинарските и медиумските организации“.

ЗНМ појаснува дека во постојниот закон, јавните институции немаат обврска да објавуваат тендери за купување рекламен простор во телевизиите и во радијата, додека со измените, ваквата практика ќе се применува и врз печатените медиуми и кај електронските портали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...