fbpx

ЗНМ: Стрмоглав пад на медиумските слободи и влошување на состојбата на новинарите

-

„Владата во 2016 година ги користела сите инструменти на власта за да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите што ја критикуваат, постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“, порача Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Претседателот на ЗНМ презентираше и бројки за трошењето буџетски пари за медиумите.

– Министерствата и општините во Македонија лани имаат потрошено околу еден и пол милиони евра во печатените, интернет-медиумите и во регионалните и локалните медиуми.  Околу 400.000 евра се потрошени во првата половина од минатата година, додека повеќе од еден милион евра биле планирани да се трошат во втората половина.  Исто така, од 80 општини, само 42 дале податоци за планираните средства за трошење во втората половина од 2016 година – рече Селмани.

Рекордер е Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), со околу 700.000 евра.

Другиот дел од средствата на министерствата и на општините се потрошени за огласување и за претплата на весници. Најмногу средства од општините за таа намена имаат одвоено општините Битола и Гостивар, со околу 60.000 евра, односно 50.000 евра годишно.

Од министерствата најмногу средства за преплата на весници има трошено Министерството за внатрешни работи, кое во 2016 година за таа цел исплатило повеќе од 50.000 евра.

Селмани посочи и дека во последните четири години нападнати се повеќе од 40 новинари. Околу половина од нападите се случиле во 2016 година, а најголем дел од инцидентите не се расветлени и ниту еден насилник не е казнет.

– Единствена светла точка во овој извештај е подобрувањето на судската практика за тужбите за клевета и за навреда против новинарите. За разлика од 2012 година, кога имаше повеќе од 320 тужби за клевета против новинари, лани тој број беше под 50 – рече Селмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...