!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

ЗНМ: Извештајот на „Фридом хаус“ е објективен, медиумите се силно притиснати


       
Скопје, 5 април, 2017 - 16:04 (META) 

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска порача дека е објективен извештајот за напредокот на демократијата во светот на „Фридом хаус“, во кој  Македонија се третира како земја во развој со хибриден режим. ЗНМ посочува и дека „Фридом хаус“ тврди дека паралелното новинарско здружение отворено ги промовира ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со состојбата на медиумите.

– „Фридом хаус“ ги препознава ставовите на ЗНМ дека главен извор на кризата во медиумите е неказнивоста на насилство кон новинарите и владината корупција на медиумите. Ваквата оценка се поткрепува со податоци на ЗНМ дека во првата половина од 2016 година насилството ескалирало со физички напади, уништување на имот и опрема на новинари и спречување да известуваат за судски постапки – се вели во соопштението.

ЗНМ вели дека извештајот го потврдил ставот на Здружението дека договорот на партиите за формирање на ад хок телото за следење на медиумите нема значително да го подобри нивното известување.

„Иако АВМУ по препорака на телото поднело 68 прекршочни пријави, судот нема изречено ниту една казна, а провладините медиуми продолжиле да известуваат позитивно за ВМРО-ДПМНЕ и претежно негативно или неутрално за СДСМ“, стои во соопштението.