fbpx

ЗНМ и Ванхауте: Медиумските реформи мора бргу да се реализираат

-

Здружението на новинари на Македонија ја поздравува заложбата на Владата за итни медиумски реформи кои ќе се базираат на предлогот подготвен од европскиот експерт Питер Ванхауте и поддржан од ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и од Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на денешната прес-конференција соопшти дека доколку измените на законот бидат на линија на предлогот на Ванхауте, тогаш ЗНМ ќе го поддржи процесот на усвојување на законот.

– Очекуваме Владата брзо и внимателно да го подготви законот. Сега немаме време за губење и за експериментирање. Инсистираме овој предлог да помине во Собранието така како што е предложен, а во наредниот период можеме да отвориме и други прашања, кои се важни за слободата на говорот и за слободата на медиумите – истакна Селмани.

Ванхауте сугерираше Министерството за внатрешни работи да подготви извештај за сите напади против новинарите и да ги изведе насилниците пред лицето на правдата. Тој истакна дека практиката на неказнивост мора да престане.

– Апсолутно е неприфатливо новинар да се држи во притвор три години – рече Ванхауте, посочувајќи го случајот на Зоран Божиновски.

Тој повтори дека неговиот предлог за итни реформи е одлична основа за сериозен напредок во подобрувањето на медиумското законодавство, која ќе ја зајакне независноста и професионалноста на „Македонската радио-телевизија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...