fbpx

ЗНМ и ССНМ повикаа на солидарност со колегите од „Утрински весник“

-

„Ние сме цврсто уверени и истакнуваме дека актуелната лоша економска состојба во компанијата и намалените тиражи на весниците најмногу се последица на слугинскиот однос на сопствениците на медиумите кон власта. Таквиот однос продуцира лоши деловни одлуки, меѓу другото и поставување „пожелни“ главни уредници, мешање во уредувачката политика и, на крај, производ – весник кој не е интересен за публиката. Затоа паѓаат тиражите. Затоа што сопствениците, за да бидат ценети кај властите, се дрзнуваат да запираат затворен весник во печатница и да менуваат насловни страници или, пак, да менуваат цели уредувачки тимови во тиражно успешни весници и за шест месеци да ги сведат тие весници на безвреден и неинтересен медиумски производ“, истакна претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, на денешната прес-конференција во Клубот на новинари, која се одржа во знак на поддршка на колегите од „Утрински весник“, на кои раководството на МПМ им најави отпуштање од работа или целосно затворање на редакцијата.

Љубиша Станковиќ од новинарскиот синдикат ја дополни Чаусидис, велејќи дека четири дена пред последната, како што кажа тој, непристојна понуда за „Утрински весник“, од раководството на синдикалните претставници новинарите биле уверувани дека нема да има отпуштања ниту намалувања на плати.

– Неодамна се сретнавме со Срѓан Керим и тој ни најави дека платите нема да доцнат и дека ќе стигаат еднаш во месецот. Неколку дена подоцна, поточно вчера, бевме известени дека компанијата работи со загуба од 1.800.000 евра дека поради тоа ќе бидат отпуштени 10 вработени – додаде Станковиќ.

Насер Селмани од ЗНМ истакна дека новинарите во Македонија и на медиумскиот пазар се соочува со истите проблеми веќе 25 години.

– Упадот на институциите во медиумите треба да се спречи. Тоа е единствениот начин за да се развие медиумскиот пазар, кој иако мислиме дека го имаме, допрва треба да се развива – изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

Од новинарскиот синдикат порачаа дека поради тоа што Македонија има антисиндикална политика, и поради тоа што ова не е првиот проблем во низата со кој се соочуваат новинарите, од денеска почнуваат јавен отпор против сите притисоци. Ги повикаа сите колеги новинари, но, и читателската публиката да искажат поддршка на кој било начин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...