fbpx

ЗНМ ги осуди нападите врз Јовановски и Тричковски и застрашувањето новинари

-

Здружението на новинарите на Македонија се огласи со осуда за „кампањата на застрашување и на понижување новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој минататa недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците“. Повод за реакцијата се вчерашната провокација кон новинарот Борјан Јовановски, кој беше нападнат во ресторан, и вознемирувањето во семејниот дом на новинарот Бранко Тричковски.

ЗНМ вели дека тие инциденти се директен напад врз слободата на изразување.

„Кукавички е Груевски да ги инструментализира младите за извршување на валканите работи, изложувајќи ги нив и нивните семејства на ризик за неговите политички интереси. Предупредуваме дека ваквите провокации можат да ескалираат во физичко насилство врз новинарите со несогледливи последици. Незамисливо е во 21 век во Македонија новинарите да бидат изложени на притисок и на малтеретирање за јавно искажан став. Оваа срамна кампања има цел да ги заплаши и да ги замолчи новинарите и другите граѓани и сите неистомисленици на власта. Груевски добро знае дека само неинформирани граѓани можат да бидат лесно манипулирани и вовлечени во конфликт“, се вели во реакцијата.

Најстарото новинарско здружение во земјава го повика Груевски „да престане со ширење говор на омраза што поттикнува насилство  и да ги вразуми и да ги смири своите следбеници“. Овој повик на ЗНМ се однесува и на сите политичари и јавни личности да се воздржат од таков воинствен реченик.

ЗНМ апелира сите новинари и медиуми да известуваат професионално и да не долеваат масло на огнот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...