fbpx

ЗНМ бара Караџовски да им се извини на новинарите, а Михајлова да дозволи снимање

-

Здружение на новинарите на Македонија денеска ги осудува навредите упатени кон новинарите од претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, кој во изјавата од 22 февруари ги оцени извештаите на медиумите за распределувањата на судиите од кривичниот во прекршочен суд како театрални вулгарности, а новинарите ги етикетираше како „самонаречени новинари“. ЗНМ бара од претстедателот на Судскиот совет јавно да се извини за искажаните навреди кон новинарите, а судијката Михајлова да дозволи снимање на новинарските екипи.

„Ваквите изјави на Караџовски, кои се повторуваат во континуитет, се неодговорни и непрофесионални и претставуваат неуспешен обид за нарушување на кредибилитетот и на интегритетот на новинарите. Ако имало непрофесионално известување од одредени новинари за распределување на судиите, Караџовски можел да побара заштита од Совет на честа на ЗНМ или Советот на етика во медиумите, а во крајна инстанца и од судските органи, но во никој случај нема право да ги дискфалификува сите новинари, за да ја поткопа довербата на јавноста во медиумите“, соопшти ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека Караџовски за лошите состојби во судскиот систем не треба да бара дежурни виновници кај новинарите, туку треба да преземе лична одговорност за слабостите во работата на судовите, за што потврди и пресудата на Европскиот суд за човекови права од 9 февруари.

„Тој мора да ја почитува улогата на медиумите во демократијата како заштитници на јавниот интерес преку постојано инсистирање институциите да бидат транспаретни и отчетни. Истапот на Караџовски целосно кореспондира со реакциите на Кривичниот суд во врска со известувањата на медиумите за промената на годишниот распоред на судиите од в.д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, која во континуитет не дозволува снимање на новинарските екипи на судењата на поранешниот премиер Никола Груевски, затскривајќи се зад барањето на обвинетиот да не се снима. Сепак, крајна одлука дали ќе се дозволи снимање носи според неговото убедување и јавниот интерес на граѓаните, кои имаат право да знаат за што е осомничен поранешниот премиер. Правото на презумција на невиност на поранешен премиер не може да има предност пред правото на јавноста да знае“, велат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...