Лидерот на Движењето за реформи во ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, се очекува да отпатува надвор од земјава на дополнителни лекарски анализи, соопшти денеска секретарот на партијата, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.
Според Таравари, Села најверојатно ќе остане во странство одреден период, сè до неговото конечно закрепнување.
Секретарот на партијата пишува дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но дека се потребни уште некои дополнителни анализи околу неговата здравствена состојба и лекување, до негово целосно закрепнување и враќање на политичките активности.
Зијадин Села, кој е дел од пратеничката група на Алијанса за Албанците, беше најтешко повреден во насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава.