fbpx

Жителите на Тафталиџе спречија парк да се претвори во градилиште

-

Граѓани од Тафталиџе повторно спречија обид паркот во нивната населба да се претвори во градилиште, пренесе радио МОФ.

Утрово околу 10 часот жителите на оваа населба алармираа на социјалните мрежи дека градежна механизација и работници повторно се појавиле во паркот. Вознемирени, тие велат дека се користи моментот на национална трагедија да се раскопа паркот и да почне со изградба на зграда.

– Го користат моментот кога младите се на одмор и кога се случува ваква трагедија по поплавите. Наместо таму да одат машините и таму да се помогне, тие го користат тој момент на жалост на Македонија и доаѓаат да прават зграда, да ни го копаат паркот. Ова е навистина нечуено. Сите сме вознемирени, излеговме постарите, бидејќи нашите се млади и се на одмор. И тие тоа го искористуваат – вели Душка Лазовска.

Жителите велат дека по нивната реакција, работниците и механизацијата по кратко време се откажале и заминале од паркот на улицата „Букурешка“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...