fbpx

Жителите на ЕУ годишно трошат по 24 милијарди евра на дрога

-

Државјаните на Европска Унија секоја година трошат по околу 24 милијарди евра за нелегална дрога, што значи дека трговијата со дрога е една од најпрофитабилните активности на организираните криминални групи, се наведува во соопштението што денеска го објави Европскиот центар за надзор на дрога и на зависности од дрога.

Во извештајот се наведува дека појавата на нови технологии, како што се кодирани мрежи и дигитални валути, го отворила пазарот за снабдување со дрога преку интернет.

Како што напредува технологијата, така организираните криминални групи трагаат по нови патишта за шверцување дрога во Европа, се наведува во извештајот во кој се истакнува дека е зголемено криумчарењето хероин преку Јужен Кавказ.

Директорот на Европол, Роб Ванрајт, оценил дека соработката меѓу државите членки на ЕУ е неопходна за да се реши проблемот и додаде дека криминалните мрежи кои се вмешани со трговија со дрога често дејствуваат и во други криминални области.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...