fbpx

Жители на Мала Речица: Луѓето настрадаа од градежен шут фрлен на Шар Планина

-

Градежниот шут што со години се складира на Шар Планина е причина за смртта на жителите од подшарпланиските села, тврдат мештаните на Мала Речица.

– Со години се трупа градежен шут на планината. Поради невремето, тој се лизна надолу, од што и настрадаа децата и луѓето – вели жител од Мала Речица.

Инаку, се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец.

Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица.

Досега официјално се пронајдени тела на пет жртви од поплавите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...