fbpx

Жестоки расправи и бавен напредок во ДИК, отфрлени четири приговори на ВМРО-ДПМНЕ

-

Жестоки расправии помеѓу членовите на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ ја обележија денешната седница на ДИК, на која од вкупно 43 поднесени приговори досега беа разгледани седум.

Сите седум приговори, кои беа извлечени со жребување, беа од ВМРО-ДПМНЕ. Од нив Комисијата отфрли четири, а другите три приговори се сè уште во постапка. За разгледување остануваат уште 33 приговори од ВМРО-ДПМНЕ и по еден проговор од ТМРО, од Алијанса за Албаците и од Левица.

За седумте приговори за кои се расправаше досега, членовите на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, но и дел од дргите членови, забележаа дека се со многу технички и суштински грешки, односно погрешно се наведени општините за кои се однесуваат или се наведени непостоечки делови од Изборниот законик.

Со тоа се сложија и претставниците на подносителот на приговорите – ВМРО-ДПМНЕ, но бараа и покрај неуредните приговори, Комисијата сепак да расправа по нив по службена должност.

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за две избирачки места во Прилеп и за уште три избирачки метса, едно во општините Центар, едно во Ѓорче Петров и едно во општина Чаир.

По паузата за вечера, ДИК треба да ги продолжи со разгледувањето и да одлучи поприговорот на ВМРО-ДПМНЕ за едно гласачко место во општина Чаир, за уште едно едно гласачко место во Прилеп и за избирачко место во Центар.

Според приговорот за изборачкото место 1375 во Прилеп, еден гласач не можел да гласа поради тоа што во избирачкиот список некој се потпишал на неговото место. ДИК побара да дојде избирачкиот одбор од Прилеп за да сведочи, а беше побрано од ВМРО-ДПМНЕ да го донесе и гласачот.

За избирачкото место 2870 во општина Центар, каде што, како што заклучија и членовите на ДИК, едни бројки има во оргиналнот записник, а други во копијата и на веб-страницата на ДИК, беше побарано од службите на Комисијата да утврдат каде настанал проблемот пред да се донесе конечен заклучок.

Инаку, сите приговори за неправилности на избирачките места во Скопје, се однесуваа за гласачките ливчиња за градоначалник и за совет на Град Скопје, а не за гласачките ливчиња за градоначалници и за совети во одделни скопски општини.

За време на дискусиите, членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, им приговараа на Виолета Дума и на Игор Милев од СДСМ дека на парламентарните избори минатата година, кога било во интерес на нивната партија, гласале на еден начин, а сега се произнесуваат сосема спротивно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...