fbpx

Жестока расправа за „Шарената револуција“ во битолскиот општински совет

-

„Шарената револуција“ денеска неформално се најде на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола. Советниците од власта ја обвинија опозицијата за поддршка на „Шарената револуција“, констатирајќи дека активностите на демонстрантите се нецивилизирани.

– Ова со боењето го нема во ниту едно цивилизирано општество. Се правите дека се грижите за градот, а дозволувате шарање на зградата на Општината, на киното „Манаки“ – зборуваше советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Милошевски.

На овие негови зборови, жестоко возврати советникот на ЛДП во Битола, Александар Каспов, најбројувајќи ги „цивилизираните“ дела на власта.

– Боењето не е нецивилизиран чин, туку симбол на револт. Нецивилизирано е кога вие од власта криете убиство, нецивилизирано е кога еден премиер користи услуги од гатачка, нецивилизирано е кога Миле Јанакиески вели да се укине помошта за семејството на Тоше Проески затоа што не било за ВМРО-ДПМНЕ – возврати Касапов.

Советникот од ЛДП, Валентин Груевски, во бројки ја пресмета и ја спореди штетата на „Шарената револуција“ со боењето наспроти криминалот на Општината.

– Целата штета од боењето на објектите од демонстрантите на „Шарената револуција“ е 3.000 евра, тоа значи 350 пати помалку од штетата што градоначалникот Талески и Општината ја направија со „Транспортер“ во Битола – рече Груевски.

Денеска на дневен ред пред советниците се завршните сметки на училиштата во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...