fbpx

Жестока контра Мицотакис – Каменос околу спорот за името

-

Спорот за името се најде како една од главните теми во препукувањата меѓу грчката влада и опозицијата во вчерашната жестока парламентарна расправија во грчкото Собрание.

Опозициските Нова Демократија и ПАСОК отворено побараа од Ципрас да си даде оставка и да распише избори. Одговорот на грчкиот премиер беше дека избори ќе има регуларно, откако ќе помине четиригодишниот мандат.

– Да си одите, дајте си оставка бидејќи не сте способни да го понесете товарот за владеење со државата. Ако се осмелувате – распишете избори – остро побара Кирјакос Мицотакис.

Она што ги разгоре страстите во Собранието беше изјавата на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос со која индиректно го погази својот претходен став и барање за оставка на министерот за миграција, Јанис Музалас. Иако Каменос по интервјуто на Музалас во кое министерот ја нарече нашата држава Македонија со свои изјави и интервјуа бараше негова оставка, во парламентот сепак призна дека Музалас направил само јазична грешка.

– Кога изразив несогласување со тоа што Музалас направи еден лапсус, веднаш поднесов оставка и до Независни Грци и до премиерот. Ако вие (Нова демократија н.з.) имате толку сила, поднесете предлог за гласање недоверба на Музалас – изјави Каменос.

Ципрас на ова одговори со нов напад, критикувајќи го Мицотакис дека само што дошол на чело на партијата го вратил на позиција пратеникот Никос Георгиадис, кој во 2005 бил исклучен од Нова демократија поради тоа што спорот за името го нарекол „глупост“ поради која се губи време посочувајќи дека Грција и грчките политичари не можат да одлучуваат како ќе се вика соседна држава колку и да не им се допаѓа тоа.

– Не ја знаевте таа изјава или пак таа го следи примерот на ставот дека спорот за Македонија ќе се заборави за 10 години – праша Каменос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...