fbpx

Жерновски: Се повлекувам и давам целосна поддршка на СДСМ во битката за Центар

-

„Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка што ни претстои“, напиша на „Фејсбук“ актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, откако премиерот Заев објави дека СДСМ ќе има свој кандидат на локалните избори.

„Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата што ја предводи тој. Со него имам одлична соработка и голема меѓусебна доверба и почитување. Токму затоа и решив да ја прифатам неговата понуда и заедно да продолжиме во нови победи. Во исклучително бурни времиња, преполни со уцени и со закани, успеавме да направиме многу за општината, но и за соборувањето на режимот на Никола Груевски. Покрај сите притисоци, напади и опструкции, ги разобличивме сите злоупотреби на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, но и реализираме 230 проекти од интерес на граѓаните“, напиша Жерновски.

Заев вчера изјави дека СДСМ ќе има свој кандидат во Центар на локалните избори, а дека во игра се повеќе имиња.

Официјалната одлука на партијата ќе биде донесена денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...