fbpx

Жерновски: Не може неколку поединци да ја држат во заложништво целата опозиција

-

На средбата со американскиот амбасадор Пол Волерс, градоначалникот на Општина Центар и лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, денеска изразил загриженост за стратегијата на Владата секогаш да нуди настани што ќе го одвлечат вниманието на јавноста од она што нејзе ù се случува.

– Јас ја кажав мојата загриженост за стратегијата на Владата која секогаш кога ќе се појави некој проблематичен настан за неа, се апсат судии. Не е чудо што во Македонија се појави ебола кога требаше да излезе некој негативен извештај за Владата. По најавите на опозицијата за изнесување на одредени материјали, гледам дека се активира, она што е најпроблематично и најчувствително за нас, а тоа се интеретничките односи. Гледам најави за некакви конфликти. Се надевам дека тоа нема да биде така. Но, се плашам дека тоа ќе биде одговор на Владата на она што го подготвува опозицијата. Што ќе направи опозицијата и каков ќе биде одговорот, ќе покаже наредниот период – изјави Жерновски.

Тој најави дека утре ќе се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Мене ми е многу битно да соопштиме дека и да има пратеници кои сметаат дека треба да се вратат во Собранието, не велам дека нема, некои од нив даваат изјави дека се горди што се во Собранието, а беа на листите на коалицијата, тоа не треба да влијае на одлуката на опозициските партии бидејќи не може неколку поединци да ја држат во заложништво целата опозиција, како и целата политичка состојба во Македонија – изјави Жерновски.

Жерновски нагласи дека нема поместување на стратегијата. Тој не ги дели пратениците од опозицијата на оние од СДСМ, ЛДП и од НСДП.

– Сакам да се излезе со една јасна, конкретна стратегија која ќе прати порака кај гласачите и граѓаните дека се има концепт. Лошо е доколку опозицијата прати порака дека нема концепт – рече Жерновски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...