fbpx

Жерновски: Добра вест е што ревизорските извештаи за „Скопје 2014“ се во вистински раце

-

Добрата вест е што денеска сме тука и што овие ревизорски извештаи конечно се во вистински раце и можеме да очекуваме дека правдата ќе биде задоволена, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по исказот што денеска го даде во Специјалното јавно обвинителство во врска со проектот „Скопје 2014“.

Тој изјави дека во СЈО ги доставил двата ревизорски извештаи, изработени на барање на Општината, а во врска со контроверзниот проект. Градоначалникот не сакаше да сподели повеќе детали од исказот во ова обвинителство затоа што се работи за предистражна постапка која е тајна.

– Во СЈО ги предадов двата ревизорски извештаи, од кои првиот е подготвен во август 2013 година. Овие материјали уште тогаш беа предадени во јавното обвинителство, но, еве, веќе три години тие се ставени во фиока и обвинителството спречи вистината да излезе на виделина. Во тие материјали е точно наведено за какви незаконски постапки станува збор околу проектот „Скопје 2014“. Проектот првично беше најавено дека ќе чини 80 милиони евра, но тој сега чини осум пати повеќе, односно 640 милиони евра – изјави Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар рече дека Македонија не може да излезе од кризата доколку „оние што ги сторија криминалите не одговараат за нив“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...