fbpx

Жерновски денеска во СЈО за „Скопје 2014“

-

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во 11 часот треба да се појави во Специјалното јавно обвинителство, каде е повикан да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план Мал Ринг.

– Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“ – се вели во соопштението од Општина Центар.

Оттаму потесетуваат дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Ценар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски изветштаи за проектот „Скопје 2014“, кои констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.

Од СЈО засега во интерес на предистражната постапка не откриваат повеќе детали, ниту информации дали во враска со случајот се испратени покани и до други лица во враска со проектот.

„Ве известуваме дека се работи за предистражна постапка која е тајна и поради таа причина не сме во можност да ви откриеме повеќе информации“, велат за „Мета“ од СЈО.

По исказот на Жерновски, како што информираат од неговиот кабинет, тој ќе даде изјава за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...