fbpx

Жерновски денеска и утре во работна посета на САД

-

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска и утре, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, во Вашингтон ќе учествува на Министерска конференција за унапредување на верските слободи, информираат од МВР.

На отворањето на Конференцијата, освен државниот секретар Помпео, свое обраќање ќе има и потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

„Промовирањето и заштитата на верските слободи е приоритет на американската администрација и за таа цел, државниот секретар Помпео ќе биде домаќин на прва министерска конференција која покрај министри и владини претставници, на едно место ќе собере бројни верски лидери, борци за човекови права и претставници на граѓанскиот сектор, кои ќе разговараат за предизвиците, ќе идентификуваат конкретни мерки и чекори за борба против верскиот прогон и дискриминацијата и обезбедувањето поголемо почитување на верските слободи за сите. Конференцијата ќе ја одбележи и 20 годишнината на Меѓународниот Акт за верски слободи донесен од американскиот Конгрес во 1998 година. Овој клучен акт донесен со бипартиски консензус е основен документ кој ја афирмира важноста од промовирањето на религиозните слободи како клучен елемент во надворешната политика на САД“, велат од МНР.

За време на дводневната работна посета на Вашингтон заменик министерот Жерновски ќе оствари средби со високи претставници на американската администрација, средби во Белата Куќа, во Стејт департментот, Конгресот, како и со тинк- тенк заедницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...