fbpx

Женскиот хор „Рустико“ освои прво место на фестивал во Италија

-

Женскиот хор „Рустико“, под уметничко раководство на маестро Запро Запров, го освои првото место во фолклорната категорија за женски хорови на меѓународниот натпреварувачки хорски фестивал „Ин канто сул гарда“, што по 11. пат се одржа во малото живописно гратче Рива дел Гарда на северниот брег од езерото Гарда, во Италија, од 10 до 14 октомври, и тоа во конкуренција на хорови од Норвешка, Шведска, Данска, Италија и од други европски земји.

Во фолклорната категорија беа изведени дела од македонски автори како „Дафино, вино црвено“, „Селска свита“ и „Кољо гидија“.

Деновиве на својата веб-страница реномираниот меѓународен хорски фестивал „Лауреа мунди Будапест“ ја објави веста дека женскиот хор „Рустико“ е номиниран за директно учество во големото финале наредната година, што е привилегија и чест резервирана за најдобрите светски хорови, кои се карактеризираат со високо уметничко ниво и со постигнати исклучителни резултати на меѓународните хорски натпревари и фестивали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...