fbpx

„Женски форум“: За 18 месеци, 60 жени жртви на семејно насилство во Тетовско

-

За 18 месеци, помош побарале 60 жртви на семејно насилство во Tетовско, од кои сите се жени. За оваа бројка информираат од невладината организација „Женски форум“ во Тетово, каде што жртвите имаат можност да побараат и добијат поддршка, како и бесплатна правна помош.

Од организацијата велат дека, овие бројки се нереални за тоа колку навистина има жртви на семејно насилство, а причините за непријавувањето се различни.

– Бројката не е реална, имајќи предвид дека многумина и не пријавуваат семејно насилство. Причините најчесто се страв, како и економска зависност. Сепак, сме задоволни што и тие 60 побарале помош. Сите биле прифатени и поминале низ сите фази на давање поддршка, како правна, така и институционална. Нашата организација соработува со сите релевантни институции засегнати од овој проблем- истакна адвокатот од секторот за правна помош на организацијата, Верица Тимосиеска.

Организацијата од 25 ноември, па се до 10 декември реализира низа активности за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за сите детали околу семејното насилство и можноста за поддршка и помош.

– „Женски форум“ спроведува проект за бесплатна правна помош, кој е поддржан од Обединетите нации. Исто така одржавме и улична кампања, се со цел иницирање на заедништво во борбата против семејното насилство – рече Тимосиеска.

„Женски форум“ го промовираше и протоколот кој подразбира меѓусебна соработка со правните, здравствените и институциите за социјална работа, како и општината. Преку него се очекува на жртвите да им се пружи поефикасна услуга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...