fbpx

Жените маршираа за реални промени и буџет за остварување на родова еднаквост

-

Третиот марш за права на жените и борбата за родова еднаквост, денеска се одржа под слоганот „Дали е среќен 8-ми Март?“, по повод Меѓународниот ден на жената.

Во Прогласот тие велат дека маршираат, бидејќи трпението им е на црвено и да покажат дека повеќе не толерираат празна реторика.

„Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост, ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување на реални промени во животите на жените“, велат активистките кои јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.

„Континуираната социјална, економска и политичка нееднаквост на жените во Македонија е причината поради која денес сме собрани да го изразиме нашиот револт, загриженост и разочарување. Жените и понатаму се неактивни на пазарот на труд, иако се повеќе образовани од мажите. Насилството врз девојките и жените е жална реалност во нашето општество. Стереотипите, омразата и мизогинијата е присутна не само во приватната сфера, туку и во јавниот дискурс“,  изјави Снешка Илиќ од „Реактор – Истражување во акција“.

Салија Бекир Халим од Иницијативата на жени од Шуто Оризари се осврна на повеќекратната дискриминација врз Ромките, поради тоа што се жени, поради нивниот социоекономски статус и поради нивната етничката припадност. Таа упати повик до државата веднаш да преземе конкретни мерки за да се стави крај на малолетничките бракови, на незаконската наплата од страна на матичните гинеколози и да го донесе Законот за заштита од дискриминација.

Маршот за женски права е организиран од активистките за женски права и Платформата за родова еднаквост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...