fbpx

Жељко Јоксимовиќ, кум на Водици 2015 во Охрид

-

Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески, неофицијално, се новите кумови на манифестацiјатa Богојавление – Водици 2015, што охриѓани ја организираат со поддршка на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА.

Иако здружението на граѓани „Богојавление“, одлуката за тоа кој ќе биде новиот кум на Водици и на богојавленските празници, официјално, ќе ја објави в четврток, на 4 декември, сепак во јавноста се појавија имињата на кумовите. Милески, е познат бизнисмен од Скопје, со кичевско потекло. Се занимава со разни бизниси, а меѓу другото, преку сопругата, во неговото бизнис-портфолио влегува и Салонот за разубавување „Силуете“.

Паралелно со изборот на кумовите, во полн ек се подготовките за одбележувањето на Водици. Дваесетина охридски хотели веќе понудиле разни попусти на празничните аранжмани за Водици кои, првпат, ќе важат во периодот од 12 до 20 јануари 2015 година и ќе го опфатат празникот Стара нова година – Василица.

Празнувањето на Водици ќе трае четири дена, со богата културно-забавна програма и со многу изненадувања за посетителите, а ќе биде подготвена и традиционалната рибна чорба за денот на рибарите во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...