Железничкиот сообраќај е нормализиран, вработените го прекинаа штрајкот


       
Скопје, 13 декември, 2017 - 20:00 (META) 

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е нормализиран, откако попладнево, на вработените во „МЖ-Транспорт“, им беше исплатена платата  за октомври.

Денеска, со менаџерскиот тим на компанијата се сретнаа вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Од Министерството за транспорт и врски информираа дека денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе се обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во „Македонски Железници – Транспорт“, а вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај.

Вработените, два дена штрајкуваа поради неисплаќање на вториот дел од платата за октомври.