fbpx

Железничката станица ќе биде завршена за три-четири месеци

-

Реконструкцијата на Железничката станица во Скопје е во завршна фаза. Се очекува за три-четири месеци комплетно да биде реконструирана и да добие нов модерен изглед. Ова денеска на увидот во градежните работи го изјавија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на „МЖ – Инфраструктура“, Ирфан Асани.

– Два перона се целосно направени, се работи на третиот перон, лифтовите и санитарните јазли се речиси завршени, а се работи и на електричните и на климатизациските инсталации, кои се завршени околу 80 отсто – истакна Асани.

Министерот Мисајловски рече дека најголем дел од парите за реконструкцијата се обезбедени од ИПА-фондови, а останатиот дел од државниот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...