fbpx

Ждрепка за 400 изборни билборди до 1 ноември

-

Најдоцна до 1 ноември, Државната изборна комисија (ДИК) треба да организира ждрепка на која ќе им се поделат билбордите на политичките партии, на кои тие ќе можат да се рекламираат за изборната кампања.

– Сè уште не сме одредиле кога ќе биде ждрепката, но тоа мора да биде најдоцна до 1 ноември – велат од ДИК.

Според Изборниот законик, најдоцна пет дена по распишувањето на изборите компаниите треба јавно да ги објават локациите за билборди што ќе бидат достапни за изнајмување од политичките партии.

Со оглед на тоа дека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, изборите ги распиша на 18 овој месец, компаниите требаше да ги објават локациите најдоцна до 23 октомври.

Од сите 800 билборди, компаниите можат да понудат најмногу 50 отсто за изборно рекламирање, односно 400.  Од нив 40 отсто ќе бидат наменети за владејачката коалиција, исто толку за опозицијата, а по 10 отсто за парламентарните и за вонпарламентарните опозициски партии.

Во Скопје со билбордите стопанисуваат четири компании, „Акцент медиа“, Скрин медиа“, „Калаплакат“ и „ Медиа С“, кои имаат и 252 светлечки паноа и 48 ЛЦД-панели.

Цената за изнајмување на еден билборд се движи околу 1.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...