fbpx

Жбогар: Очекуваме Законот за јазиците да стапи на сила и реформите да продолжат

-

Донесувањето на Законот за употреба на јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, одговори евроамбасадорот Самуел Жбогар на новинарско прашање за овој закон.

На новинарско прашање како го коментира тоа што Иванов не го потпишал Указот за Законот, Жбогар вели „ние очекувме Законот да стапи на сила и земјата да се фокусира на рефорската агенда“.

Тој додаде дека меѓуетничките односи во мултиетничките општества треба константно да бидат негувани и да растат, со што се подобрува климата на соживотот во едно општество. Објасни дека во ЕУ се оптимисти во спроведувањето на законот.

– Јас разбирам дека законот за јазиците е важен за Албанците и тие го гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Донесувањето на овој закон за Албанците е важен, бидејќи така се чувствуваат повеќе ценети и прифатени во општеството и самата земја –  рече Жбогар.

Според него, во случај кога правата на немнозинската заедница се подобруваат, тоа не би требало да им пречи или да се меша со правата на мнозинската заедница.

– Мислам дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на кој било начин нејзините права се загрозени. Чувствувам дека кај мнозинската заедница постои таков страв. Ние како ЕУ одблиску го следевме донесувањето на законот за јазиците и очекуваме тој да биде испратен до Венецијанската комисија, како впрочем и беше наведено во планот 3-6-9. Се надеваме дека овој закон ќе започне со имплементација и целосно почитување на европските стандарди и европските позитивни практики. Секако, очекуваме и дека имплементацијата ќе биде почитувана од сите чинители во општеството и во близок дијалог – додаде Жбогар.

Тој денеска во Гостивар присуствуваше на потпшувањето на меморандумот за соработка – прв во серијата – меѓу Проектот за унапредување на иновативниот туризам (СТЕП) и општината Гостивар.

Проектот партнерски го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ со Заедницата за развој на полошкиот регион и Советот за Елбасан, a e финансиран од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија (ИПА 2).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...