fbpx

Жбогар: Што поскоро да се финализира договорот за добрососедство со Бугарија

-

Секогаш е добро да се има добри односи со соседните земји, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар на заедничката прес-конференција со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, посветена на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој од 12 јуни ќе се одржи во Трст.

Жбогар рече дека Брисел очекува што поскоро да се финализира договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и дека е потребно да се решат билатералните прашања со соседите и со земјите членки на ЕУ во регионот.

– Никогаш нема да погрешите ако инвестирате во пријателство со соседите. Мора да имате круг на пријатели околу вас. Првите чекори се навистина охрабрувачки. Ние не сме вклучени во договорот, но се надеваме дека ќе биде финализиран и потпишан до август. Тоа ќе покаже одлучност на самата влада за повторно да го гради овој круг на пријатели со соседите -рече Жбогар, додавајќи дека колку подобри односи земјата има со соседите кои се во ЕУ, толку поголема поддршка за евроинтеграција има.

Евроамбасадорот, исто така, изрази надеж дека договорот ќе се најде на дебата пред Собранието.

Италијанскиот амбасадор Ромео рече дека самитот во Трст ќе помогне во придвижувањето на регионот на патот кон евроинтеграциите и дека ќе придонесе за инфраструктурно и за економско поврзување на Западен Балкан.

Самиот во Трст е највисоко ниво, а на него покрај премиерите на шесте земји од Западен Балкан и министрите за економија и за транспорт, ќе учествуваат високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, еврокомесарот за добрососедство и за проширување, Јохане Хан, како и еврокомесарката за транспорт, Виолета Болц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...