fbpx

Жбогар: Се интензивираат разговорите за спорот за името

-

Постои посветеност и дискусиите се интензивираат, што е добро. Со нетрпение ги очекуваме состаноците оваа недела, изјави амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар при денешниот престој во Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните разговори и средби меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето за името.

– Добро е што дискусиите продолжуваат и дека се интензивираат. Гледаме дека од двете страни постои посветеност за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Ние со нетрпение ги очекуваме состаноците кои ќе бидат оваа недела. Како Европска Унија одблиску го следиме ова прашање и, се разбира, процесот го поддржуваме од страна – изјави Жбогар.

Што се однесува до најновата ситуација околу настаните во Собранието од 27 април, Жбогар рече дека не ги коментира судските процедури и остава судовите да си ја завршат работата. Тој рече дека нема ништо повеќе да додаде од она што порано го кажал околу прашањето за Законот за употребата на јазиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...