This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Oct 22 6:22:40 2017 / +0000 GMT

Жбогар: Политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без заплашувања и насилство




Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар, денеска преку видео-обраќање по повод локалните избори в недела ги повика граѓаните да го исполнат своето право на глас, а политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без „заплашувања и насилство“.

Жбогар порака ја испрати на македонски јазик.

- Локалните избори на 15 октовмри се можност за вас граѓаните да ги изразите вашите гледишта за правецот по кој вашите општини треба да се движат во иднина. Ги повикуваме политичките лидери и членовите на партиите да ги спроведат изборите без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности пред, за време и по изборите. Ние сметаме на државните институциите како што е полицијата, независните институциите, како што е Државната изборна комисија, како и граѓанското општество да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување на демократски, слободни и фер избори. И, на крајот, секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини - рече Жбогар во обраќањето.

Претходно денеска и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија преку соопштение порача дека претстојните локални избори се важни за иднината на Македонија како просперитетна, стабилна демократија, целосно интегрирана во евроатлантските институции и ги повика граѓаните да излезат и да гласаат.

YouTube Video: YouTube.com/watch?v=dKLAdxa9DnU

Post date: 2017-10-12 19:01:11
Post date GMT: 2017-10-12 17:01:11
Post modified date: 2017-10-12 20:11:08
Post modified date GMT: 2017-10-12 18:11:08

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format