fbpx

Жбогар: Не треба да драматизираме, да им дадеме време на лидерите да се договорат

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска во Берово оцени дека ситуацијата во Македонија не е толку драматична и оти на партиите треба да им се даде простор за да се договорат за формирање влада.

– Не мислам дека состојбата во земјата е толку тешка, не треба да драматизираме. Имавме избори и нормално е да се даде повеќе време за да можат политичките лидери да формираат влада. Гледам дека политичките партии се веќе ангажирани. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои што се потребни – изјави Жбогар.

Жбогар, заедно со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во Берово ја промовираа кампањата „ЕУ за тебе“ во рамки на која ќе Берово ќе се инвестираат повеќе од три милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...