fbpx

„Жан Моне“: На собранискиот деловник му треба „генералка“

-

Политичките партии за време на дијалогот „Жан Моне“ што се одржа во Охрид на 17 и 18 мај, го потврдиле консензусот да работат заедно за земјата да напредува кон членството во ЕУ и да се интегрира во евроатланските структури, информираат од Собранието.

Од законодавниот дом велат дека политичките партии се заложиле за да се забрза овој процес Собранието да ја има најефикасната улога преку употреба на сиот свој демократски легитимитет, надзорната и законодавната моќ и, преку започнување на серија реформи како усвојување на нов Етички кодекс и применување на итни измени на Деловникот.

За време на средбите била усогласена посветеност кон поопсежна ревизија на Деловникот за да се обезбеди Собранието да биде поефикасно, транспарентно и ефективно при исполнувањето на очекувањата на граѓаните за членство во ЕУ.

Пратениците од Европскиот Парламент, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, на почетокот на средбите изјавија дека политичкиот дијалог е суштината на секој демократски процес и дека се среќни што има заинтересираност и енергична вклученост на сите политички партнери во процесот.

Силни пораки на поддршка биле упатени и од страна на комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и претседателите на двете најголеми Европски политички парии- Европската народна партија и Партијата на Европски социјалисти.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави формирање на Работна група во Собранието, составена од претставниците на главните политички партии за да се поддржи имплементацијата на реформската агенда и следните чекори на процесот „Жан Моне“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...