fbpx

Жалбите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски за притворите стигнале во Врховниот суд

-

Врховниот суд ги добил жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски на решенијата на Апелацискиот суд Скопје, со кои на тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство им беше одредена мерка притвор.

„Жалбите на решенијата донесени од Апелацискиот суд Скопје, со кои е определена мерка притвор, се примени во Врховниот суд на Република Македонија. Жалбите се пратени на одговор до Специјалното јавно обвинителство и по комплетирањето на предметите, петчлениот совет на Врховниот суд ќе одлучи по жалбите“, велат од Врховниот суд.

Грујовски, кој е поранешен началник на петтата управа, Јакимовски – поранешниот шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и Никола Бошковски – вработен во УБК, досега се единствените обвинети во случаите на СЈО на кои Апелацискиот суд им одреди притвор.

По нивните жалби треба да одлучува Кривичниот совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски – претседател на највисокиот суд во државата. Инаку, покрај него, членови на одделот за казниви дела на Врховниот суд се и судиите Ристе Катевеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити и судијката Рахилка Стојковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...