fbpx

Земон: Исламскиот радикализам е најголемо зло на денешницата

-

Глобализација, миграции, туризам, фундаментализам и радикализам беа темите на кои се осврнаа предавачите на петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми, која денеска заврши во Охрид.

Професорот Рубин Земон од Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, смета дека еден од егзистенционалните проблеми со кои се соочува светот е исламскиот радикализам.

– Тоа е предизвик, не само на Балканот, туку и во светот. Во секој случај, тој исламски фундаментализам ги има своите историски корени многу длабоко, не е само во современиот свет. Научниците можат да дискутираат за тоа како тема, а ако се послушаат за насоките, ќе биде подобро за земјите за справување со овој проблем – додава Земон.

На конференцијата годинава учествуваа 57 учесници од 11 земји, меѓу кои од Турција, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, домаќинот Македонија и други.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...