fbpx

Земјотресот во Кина усмрти 19 лица, а 100 туристи се заробени под одрон

-

Најмалку 19 лица загинаа, а 247 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, што го погоди планинскиот дел на Сичуан, на југозападот на Кина, соопшти денеска провинциската влада.

Властите, исто така, соопштија дека околу 100 туристи се заробени во одрон што се случил по вчерашниот земјотрес, додека кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ јавува дека 31.500 туристи се евакуирани од зоните погодени од земјотресот.

Повеќе од 600 пожарникари и војници се распоредени во погодената област, а Црвениот крст на Кина соопшти дека испратени се експерти за вонредни состојби и волонтери за пружање помош на загрозените жители.

– Земјотресот се случи во текот на ноќта, комуникациските линии и електричната енергија се во прекин, а луѓето секако се во шок и во страв – рече портпаролка на Меѓународниот сојуз на Црвената полумесечина во Кина, Гвенделин Панг, додавајќи дека ќе треба време за да се утврди точниот размер на штетите и бројот на жртвите.

Епицентарот на земјотресот беше на 200 километри северозападно од Гуангјуан, на длабочина од 32 километри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...