Земјотрес во Грција го вознемири и југозападот на Македонија


       
Скопје, 31 август, 2018 - 10:31 (META) 

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван утрово во 9.12 часот во југозападниот дел на Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот имал епицентар на територијата на Грција, а неговата силина била 5,4 степени на Рихтеровата скала.