fbpx

Земјотрес во Бразил – нема жртви и материјална штета

-

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди западниот дел на Бразил, соопшти американскиот институт за геофизика и додаде дека засега не се регистрирани жртви, ниту материјална штета.

Потресот се случил на длабочина од 604 километри, а епицентарот бил 130 километри југозападно од градот Тарауака, односно 700 километри североисточно од Лима, главниот град на Перу, каде, исто така, се почувствувал.

Два силни земјотреса синоќа се регистрирани во Перу, на границата со Бразил, наведе американскиот институт и додаде дека нема жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...