fbpx

Земјоделците од Пелагонија во паника, глувците се гостат со неожнеаната пченка

-

Студот, мразот и снегот не им донесоа радост на земјоделците од Пелагонија. Плановите пред Нова година да ја завршат есенската седба и да ја ожнеат пченката во зрно не се остварија. Поради ниската температура и состојбата на терен, повторно е невозможно да се влезе во нивите. Така, според првиот човек на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров, есенската сеидба и жетвата на пченката во зрно ќе се одложат за напролет. Но, тоа не е единствената мака на земјоделците , постојат стравувања дека пченката ќе им ја изедат глодарите што оваа година се намножија во Пелагониско и направија големи штети уште во летото. Жетвата на пченката во зрно е реализирана само на десет отсто од површините.

– Дури шест илјади хектари од пченката во зрно што е наменета за добиточна храна не е ожнеана, или поточно четири вагони со пченка за добитокот остана по нивите. Постои голема опасност глувците целосно да го уништат родот – вели Тантаров.

Земјоделците веќе бараат помош од локалната власт во општина Новаци. Градоначалникот Лазе Котевски вели дека тие бараат организирано уништување на глодарите бидејќи парцијалните мерки не дале резултат.

– Глувците со месеци прават големи штети и на несобраниот и на собраниот род. Затоа упативме писмо до Министерството за земјоделство да се преземат соодветни мерки за уништување на глодарите, бидејќи состојбата е алармантна во овој дел на Пелагонија. Земјоделците веќе ги бројат загубите. Во исто време, земјоделците стравуваат дека поради снегот родот ќе падне на земја, па до пролет нема да остане ништо од посеаната пченка – вели Котевски.

Есенската сеидба во Пелагониско остана нереализирана на половина од предвидените земјоделски површини. Во исто време, добар дел од овдешните земјоделци сè уште не ја продале пченицата од годинешната реколта. Не се задоволни од ниската откупна цена од девет денари за еден килограм.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...