fbpx

Зекири: Кривични пријави за Милошоски и за вработен кај Иванов за издавање државна тајна

-

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири на прес-конференција во Собранието рече дека ќе бидат поднесени кривични пријави за оддавање државна тајна за претседателот на собраниската Комисија за надворешни прашања, Антонио Милошоски, и за лице од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, поради изнесување класифицираните материјали од лидерски средби кај претседателот, на кои посочил денеска Милошоски.

Тој истакна дека Милошовски не поседува безбедносен сертификат од 2015 година наваму за да може да поседува или бара класифицирани информации. Поради тоа, рече, немал ниту право да бара класифицирани информации од кабинетот на претседателот Иванов.

– Милошоски со тоа што изнесе детали од Извештајот од лидерски средби одржани кои ги добил од Кабинетот на претседателот, а се класифицирани како државна тајна, директно го прекршува член 317 од Кривичниот законик. На пратеникот Милошоски и тој што го доставил извештајот ќе им бидат поднесени кривични пријави за оддавање државна тајна – рече на прес-конференција Зекири.

Напомена дека за ова дело е предвидена казна затвор од една до пет или од една до десет години.

И покрај двата обида, денеска не се одржа седницата на собраниската Комисија за надворешни прашања, на која излагање за остварување на меѓународната политика требаше да има и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Новата седница е закажана за утре.

Денешната седница се одложи откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, побара пратениците кои имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали што како Комисија ги побарале и ги добиле од претседателот, бидејќи, како што кажа, тие се многу битни и значајни за надворешната политика и се однесуваат на ставовите на власта и министерот за надворешни работи во врска со преговорите за името со Грција, што е точка на дневниот ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...