fbpx

Здружението на турски студенти апелира да се верува само на официјални институции

-

Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети во Македонија реагираше на недоразбирањата поврзани со објавените вести во дел од медиумите во врска со раскинувањето на договорот за заемно признавање на дипломите со Турција.

Од Здружението велат дека се преземени сите неопходни чекори и ги повикуваат сите засегнати лица да ги земаат предвид само информациите дадени од официјални институции.

„Забележавме дека вестите поврзани со укинувањето на билатералната спогодба за меѓусебно признавање на свидетелства, дипломи, квалификации, научни степени и звања стекнати во Република Македонија и во Република Турција, од страна на Република Турција, создаде грижа во образовните кругови и меѓу студентите и родителите. Од моментот кога овие вести беа објавени, Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети ги презеде неопходните чекори и ги контактираше институциите и во нашата држава и во Република Турција. Имајќи ги предвид дезинформациите што се присутни во јавноста, сакаме да ја истакнеме важноста да останеме смирени и ве повикуваме да не ги земате предвид објаснувањата, освен оние дадени од страна на официјални институции“, велат Исмаил Алији и Џеладин Џули, копретседатели на Здружението на дипломирани студенти од турските универзитети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...