fbpx

Здружението на јавни обвинители бара да не се кратат пари со ребалансот на буџетот

-

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители со писмо до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието и до Владата побара со ребалансот што го предложи Владата да не се кратат првично предвидените пари за Јавното обвинителство на Република Македонија и за примената на Законот за кривична постапка.

„Евидентно е проектираното намалување на средствата на Јавното обвинителство на Република Македонија за 2017 година и тоа од вкупно 259.213 евра на 237.574 евра, а во однос на средствата предвидени за имплементација на Законот за кривичната постапка, се определува намалување од 214.455 евра на 195.130 евра. Во оваа насока, во делот на плати и на надоместоци за вкупно 552 вработени во Јавното обвинителство на Република Македонија износот на средствата се намалува од постојните 218.323 евра на 205.558 евра, додека за обезбедување стоки и услуги од 39.886 евра на 28.000 евра“, се вели во писмото.

Извршниот одбор на здружението вели дека со почнувањето со примена на новиот Закон за кривичната постапка на 1 декември 2013 година, надлежностите на Јавното обвинителство многу се зголемиле и со оглед на условите во кои работат и функционираат јавните обвинителства, но и посебните услови и висок ризик за работа, обезбедените средства за тековно работење и плата не се луксуз, туку се неопходни за ефикасно, нормално функционирање и за спроведување за работните активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...