!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Завршија воените операции во Рака


       
Рака, 17 октомври, 2017 - 14:44 (META) 

Силите што имаат поддршка од САД воспоставиле целосна контрола над Рака, упориштето на Исламска држава во Сирија. По силните борби, како што пренесуваат странските медиуми, во градот останеле неколку десетици милитанти.

– Воените операции во Рака се завршени, а во тек е операција на чистење на градот, откривање на поединци и отстранување мини – соопшти портпаролот на Сирискиот демократски фронт, Талал Село, додавајќи дека наскоро ќе има и официјално соопштение дека градот е ослободен.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон потврди дека во Рака нема милитанти. Офанзивата на Рака траеше околу четири месеци.

Губењето на Рака претставува силен удар за милитантната Исламска држава во северниот дел на Ирак и во Сирија, а под нејзина контрола градот беше од 2014 година.