fbpx

Заврши самитот во Лондон, Британија ја удвојува финансиската поддршка за Македонија

-

Премиерот Зоран Заев и владината делегација го завршија учеството на Самитот ЕУ – Западен Балкан (Берлински процес), што се одржа во Лондон, на кој учествуваа лидерите на земјите од регионот, премиерката на земјата-домаќин Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел, високата претставничка за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

Заев на маргините на Самитот, кратко се сретнал со германската канцеларка Ангела Меркел која ја запознал со подготовките за претстојниот референдум за реализација на одредбите од договорот за решение на македонско-грчкиот спор и за стратегиско партнерство.

„Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, како исклучително успешна приказна меѓу последните два самита ЕУ-Западен Балкан го истакна историскиот договор меѓу Македонија и Грција при што им честиташе на премиерите Заев и Ципрас, потенцирајќи дека прогресот е возможен. Меј најави удвојување на финансиска поддршка за проекти за јакнење на јавната администрација во Македонија, како и помош за обука за дигитални вештини на еден милион деца од основните училишта од регионот, со цел да ја спознаат својата моќ во модерниот свет“, информираат од Владата и додаваат дека за идните проекти е предвидена и нова финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.

За време на својата работна посета во Лондон, премиерот Заев имал интервју за британскиот телевизиски сервис Би-би-си, за познатата емисија „Хард ток“ (Hard Talk).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...