fbpx

Заврши петтиот самит „Македонија 2025“ кој два дена се одржуваше во Скопје

-

Со повеќе од 250 гости, 11 панел-дискусии и со учество на 40 говорници од 25 земји во светот, заврши петтиот самит „Македонија 2025“ кој се одржа во Скопје.

Говорниците дискутираа за револуцијата на еколошки возила, развојот на паметни градови, користењето на природните богатства на земјата кон стимулирање на развој на одржлива економија.

Експерти од Италија, Норвешка, Полска, Јапонија споделија детали од најдобрите практики од светот, кои можат да бидат имплементирани и во Македонија.

Претседавачот со платформата „Македонија 2025“, Роберт Арсов, нагласи дека со организацијата на овој самит се исполнува важна улога во поврзување на деловни професионалци за да развијат паметни, иновативни и атрактивни производи и услуги.

– Тоа што ние го очекуваме од деловните професионалци, експерти, иноватори, претприемачи во Македонија, е да размислуваат за менување, односно унапредување на целокупната слика што се однесува на економскиот развој. На самитот ги зачнуваме идеите и инспирацијата за да можеме да замислиме во која насока може да се развива нашата земја – изјави Арсов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...