fbpx

Заврши јубилејното, 55-то „Охридско лето”: Високо на мапата на европските фестивали

-

Синоќа, после 40 дневна богата културна понуда, на отворената, надезерска сцена Долни Сарај, со церемонијаланото гаснење на фестивалскиот огин, беше спуштена завесата на јубилејното, 55-то „Охридско лето“. Честа да го затворат фестивалот, им припадна на актерите од Словенечкиот национален – Драма театар од Љубљана, со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски.

Квалитетот на текстот, заедно со пристапот на режисерот Попоски и одличната театарска игра на словенечките актери, направија чин за паметење што публиката го награди со стоечки аплаузи.

– Не само за последната, туку и за сите претходни драмски претстави, одгласите беа феноменални, а реакциите од публиката и од критиката беа дека годинешното издание донесе не само ѕвезди и имиња, туку и многу новитети во третманот на уметноста, во новите естетики, во новите видувања на уметничките дела. Она што го ветивме на почетокот го реализиравме. Го зголемивме бројот и го вративме амбиенталниот театар – оцени селекторот на драмската фестивалска програма, Ѓорги Јолевски.

Селекторката на музичката програма Гордана Јосифова-Неделковска, нагласува дека овој сегмент завршил со беспрекорниот концерт на брилјантниот Максим Венгеров и пијанистот Ваг Папијан, една вечер порано во „Св. Софија”.

– Горди сме како фестивал што донесовме многу звучни имиња, кои интерпретираа музика достојна на јубилејот, но и со фактот дека веќе имаме високо едуцирана, топла фестивалска публика. Фестивалот „Охридско лето” секоја година се повеќе чекори по скалилата на успехот и се повеќе ја зацврстува својата позиција во мапата европски фестивали – потенцираше Јосифова-Неделковска.

Во Дирекцијата на „Охридско лето”, ја нагласуваат беспрекорната реализација, полните гледалишта од воодушевена публика, позитивните критики и задоволните уметници

– Имавме полни гледалишта и на музичките и на драмските настани кои поминаа на фестивалската сцена. За сите се бараше место повеќе. Околу 25.000 илјади посетители, гости од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција дојдоа специјално да ги проследат 29 музички концерти, 13 драмски претстави и 10 настани од дополнителна програма. Годинава имавме публика од сите возрасти, на гледалиштата често имавме и организирани туристички групи, и секако, и за ова јубилејно издание, со нас беше и нашата верна публика – вели директорката на „Охридско лето”, Елизабета Јанкуловска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...