fbpx

Заврши амандманската расправа, буџетот за 2018 се враќа во Влада, па оди во Собрание

-

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја заврши амандманската расправа по предлог-буџетот за 2018 година. Денеска беше третото продолжение на 12. седница која почна на 27 ноември, а комисиската расправа за предлог-буџетот неколкупати беше закажувана, но и откажувана, за да заврши на осмиот од законски предвидените 10 дена.

Од вкупно 279 амандмани, кои ги поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса, усвоени се само шест, од кои четири се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои не учествуваа во комисиската расправа.

Комисијата ги прифати амандманите што се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски систем во Неготино, решавање на проблемот со депонијата во Струга, изградба на детски парк во Нерези, Општина Карпош.

Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на денешната расправа на комисијата, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ ги оцени како апсурдни, бидејќи како што кажа, од 211 колку што поднеле, во 200 бараат пари за изградба на зградата на Македонска филхармонија.

По комисиската расправа за предлог-буџетот за 2018 година, тој се враќа на разгледување во Владата, која треба да се произнесе за прифатените амандмани, а потоа, за предлог-буџетот пратениците ќе дебатираат на пленарна седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...