fbpx

Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов – Изи

-

Краткометражниот  филм  „Љубовникот“,  снимен  во  манирот  на  старите  неми филмови, по сценарио и во режија на Игор Иванов – Изи, а во продукција на „Скопје филм  студио“,  е  во  завршна  фаза  на  пост-продукција.

Филмот  пред  неполни  два месеца  беше  снимен  на  локација  во  Скопје  во  населбата  Карпош  2,  каде  што  со креативна сценографија,  костимографија и приод на камерата беше создаден автентичен амбиент за работа на нем филм од 30-тите години на минатиот век.

Актерската игра со препознатливата нагласена гестикулакција својствена за немите филмови шармантно ни пренесува приказна за еден љубовен триаголник. Оваа нетипична филмска авантура за актуелното време има амбиција да потсети на филмската естетика од минатото.

Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се:  доајенот на македонскиот филм Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.

Филмот е во продукција на „Скопје Филм Студио“а е подржан од Агенцијата за филм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...