fbpx

Заводот и Музеј од Штип идната година ќе добие најмногу пари од културата

-

Во годишната програма на Министерството за култура, 70 миниони денари се наменети за институциите и манифестациите од Источна Македонија. Од институциите, најмногу пари ќе добие Заводот и Музеј од Штип, преку финансирање на 18 проекти.

Двете стари куќи во Ново Село, кои беа откупени оваа година, ќе бидат реставрирани во стилот на старата штипска архитектура, по примерот на Музејот на ВМРО, што неодамна беше отворен. Планирани се нови истражувања на локлитетот Баргала, а во древната црква во Ново Село, ќе се реставрираат иконите и иконостасот. Министерството ќе финансира два драмски фестивала – по еден во Штип (Детскиот театарски фестивал) и Кочани (ДААФ), 12 изложби и девет музички манифестации. Тука спаѓа и фестивалот на забавна музика, каде Министерството ги обезбедува главните награди, оваа година намалени за половина износи и првата награда наместо 20.000 евра, ќе изнесува 10.000.

Во Виница ќе се истражува локалитетот Кокалов рид, ќе се реставрира Виничко кале, додека во Берово ќе се работи на конаците на манастирот „Свети Архангел Михиал“.

Во Делчево ќе се финасираат пет фолклорни манифестации и две друштва, во Берово две манифестации, додека фолклорното друштво на Пехчево ќе добие средства за редовната работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...